Разликите во ставовите на Путин и Обама остануваат

29.09.2015 17:14

Бевме искрени, разликите во ставовите останаа - изјави рускиот претседател, Путин по средбата со Обама на која главна тема била Сирија. За Вашингтон, Дамаск не може да биде партнер во борбата против тероризмот. Москва не отстапува од тврдењето дека без сирискиот водач, нема да биде успешна ниту една акција...

По состанокот само рускиот претседател Владимир Путин даде изјава, оставајќи му простор на својот америакански колега тој да ги изнесе своите впечатоци.

„Денешниот состанок беше многу конструктивен, практичен и изненадувачки искрен. Пронајдовме значаен заеднички простор, но и натаму постојат разлики во ставови“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Но, дали Америка ќе соработува со Русија против ИСИЛ- според добрите познавачи на  американско руските односи, за ова прашање не бил постигнат напредок, но потрвдено е дека комуникацијата меѓу двете земји по оваа прашње ќе продолжи на министерско ниво, меѓу Лавров и Кери.

Според извори од Белата Куќа, состанокот со Путин бил работен и дека русите ја сфатиле важноста за политичко решение за Сирија, но за САД за сега е многу битно како да го обезбедат заминувањето на сирискиот претседател.

„САД  е подготвен да соработува со Русија и Иран за да се реши судирот во Сирија. Но главниот кривец за над 200.000 мртви е Асад. Мораме да сфатиме дека не може да дојде до враќање на предвоениот период на стаус кво“, изјави американскиот претсдател Обама.

Но, Владимир Путин не мисли така. Тој од говорница од Светската организација порача дека сириската војска легално се бори портив терористите и дека за разлика од ирачките власти, кои повикаа меѓународна помош против терористите, Дамаск не го стори тоа, но тие сами дојдоа.

Но, дали Путин е подготвоен да го прифати американскиот план околу транзиицјата на власта во Сирија, процес според кој Асад не би заминал веднаш, туку постепено и дали нормализацијата на односите, ќе зависи од тоа што ќе понудат американците, а шторусите кога се во прашње укинување на санкциите или попуштање околу Украина.

Но, доколку САД не понудат ништо а русите останат на исто, оценуваат аналитичарите пат- позицијата ќе продолжи, но и сириската војна, како и опаснсота од можен случаен судир меѓу амариканската и руска војска.

Очите на светската јавност сега се вперени во најмоќните лидери на светот, со надеж дека сепак ќе се договорат за палнот  како до мир во Сирија- со Асад или без него.

 

Мирјана Василева