Актерот Орландо Блум го посети бегалците во прифатниот камп во Гевгелија
29.09.2015 17:27
Актерот е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ од 2009-та година и често може да се види на различни критични точки низ светот...

Светски познатиот актер, Орландо Блум, денеска беше во посета на бегалците во прифатниот камп во Гевгелија. Облечен во лежерна облека, како дел од мисијата на УНИЦЕФ, Блум ги посети бегалците од кризните региони кои во потрага по подобар живот, преку земјава заминуваат во Западна Европа.
Актерот е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ од 2009-та година и често може да се види на различни критични точки низ светот, а се прослави со филмовите „Господар на прстените“, „Хобит“, „Пирати од Карибите“, „Троја“, „Небесно кралство“.
