Сиријка се породи во гевгелиската болница

29.09.2015 19:02

Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија...

Сиријката Менол Суех попладнево на свет донесе здраво девојче во гевгелиската болница. Мајката со болки околу 11 часот била примена во болницата каде во 15:30 часот била породена по природен пат.

Девојчето е тешко 3.250 грама и долго 51 сантиметар. И мајката и детето се наоѓаат во добра состојба.

Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија. На сите им беше дадена потребната лекарска нега.