Премиерот Груевски се сретна со Ципрас на приемот кај Обама

30.09.2015 09:29

Како што информираат од Владата, Груевски го поканил грчкиот колега Ципрас на заедничка средба за изнаоѓање решение за проблемот со името...

Премиерот Никола Груевски на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама остварил краток разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Како што информираат од Владата, Груевски го поканил грчкиот колега Ципрас на заедничка средба за изнаоѓање решение за проблемот со името.

На маргините премиерот остварил кратки разговори и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас, како и со премиерите на Норвешка, Унгарија, Шведска и Грузија, со заменик премиерот на Израел, со српскиот претседал Томислав Николиќ и заменик- генералниот секретар на ОН од САД.