Договореното производство на тутун ќе биде откупено
30.09.2015 09:34
Целото договорено производство на тутун ќе биде откупено. Ваков е ставот на сите фирми кои ја вршат трговијата со тутунот. Тутунарите сметаат дека родот е помал и нема да ја задоволи побарувачката...

Монополите се подготвени да ги преземат договорените количества тутун. Колку ќе тежи родот и дали ќе има доволно за сите не се знае, зашто бербата сеуште е во тек.
Годинава се очекуваат скоро 20 илјади тони тутун или за 3.000 тони помалку од лани.
Според сегашните најави, потребата на тутунските претпријатија е 25.000 тони.
Тутунарите се надеваат дека поголемата побарувачка ќе донесе и поголема откупна цена и пореална проценка на класите.
Методија Трајков
