Балетот „Шехерезада“ вечер во МОБ

30.09.2015 10:18

Во насловната улога ќе настапи Ивана Коцевска, а во останатите главни улоги: Дојчин Дочев од Бугарија, Драган Кочоски и Киро Павлов...

На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Шехерезада“, работена на музика на Николај Римски Корсаков, по кореографија на Михаил Крапивин од Русија.

Во насловната улога ќе настапи Ивана Коцевска, а во останатите главни улоги: Дојчин Дочев од Бугарија, Драган Кочоски и Киро Павлов.

Ќе настапи комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет, под водство на диригентот од Белград  Ѓорѓе Павловиќ.

Во петок балетот „Шехерезада“ ќе биде изведен и во Битола, на отворањето на меѓународниот фестивал „Интерфест“.