Белград: Македонска донација за децата мигранти
За разлика од некои други земји Македонија и Србија со отворени граници им помагаат на мигрантите на нивниот пат кон Западна Европа е пораката од Белград каде македонската амбасада врачи донација на УНИЦЕФ за децата мигранти...

Македонската амбасада во Белград донираше прехрамбрени производи во катчето наменето за згрижување на децата мигранти на УНИЦЕФ. Донацијата е пренамена на македонските производи од приемот за Денот на независноста што го организираше амбасадата. На овој хуман чин од српската влада присуствуваше и Ненад Иванишевиќ кој ја истакна добрата соработка меѓу двете држави за справување со мигрантската криза-
„Оваа акција е доказ дека комшиските односи на Балканот се нешто најсвето и кога е добро може да ги реши најголемите проблеми.Ние сме заедно во овој специфичен проблем на мигрантската криза. И Србија и Македонија работат заедно, со отворени граници и со отворено срце. За разлика од некои други северни и западни граници кои се затвараат-Србија и Македонија го работат ова добро. Мислам дека ова е порака на сите, да кога сме заедно и кога заеднички работиме и правиме акции, непостои таков проблем кој неможе да се реши“, изјави Ненад Иванишевиќ, државен секретар во Министерството за труд и социјални прашања.
Со овој чин ја пренесуваме универзалната порака дека треба да бидеме хумани и солидарни и на дело- истакна амбасадорката Вера Јовановска Типко.
„Актуелната мигрантска криза е криза од светски размери. Ние како мали земји и Македонија и Србија треба заеднички интензивно да работиме во ублажување на последиците од оваа криза. Истовремено се залагаме за проактивен и заеднички пристап и долготрајна стратегија на светската меѓународна заедница“, изјави Вера Јовановска Типко, амбасадор на Р. Македонија во Белград.
На донацијата присуствуше и директорот на Канцеларијта на УНИЦЕФ во Србија- Мишел Сен Ло.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
