Четворица добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2015 година
Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за дејности од јавен интерес на Република Македонија...

Наградата „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста годинава ќе му биде доделена на писателот академик Митко Маџунков. За животно дело од областа на науката и образованието има тројца добитници: проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.
Наградата „11 Октомври“ е највисоко признание за дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Добитниците на наградата за 2015 година ги соопшти Министерството за култура. Признанијата ќе им бидат врачени на 11-та октомври 2015-та во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
