САД го поддржуваат членството на Македонија во НАТО

30.09.2015 10:50

Министерот Jолевски ги презентираше аргументите зошто државава заслужува да биде дел од НАТО...

„Соединетите Американски држави цврсто ја поддржуваат Република Македонија во достигнувањето на нејзината стратегиска цел, членство во НАТО Алијансата. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, регионот, но и на Европа во целина“, заклучија на вчерашниот состанок во конгресот на САД, министерот за одбрана Зоран Јолевски и конгресменот и заменик- претседател на Парламентарното собрание на Алијансата, Том Марино.

Министерот Jолевски ги презентираше аргументите зошто државава заслужува да биде дел од НАТО. Иако Македонија ги исполнува сите услови за членство, процесите на реформи развој течат во континуитет.

Со присуството во ИСАФ, а сега и во „Одлучна поддршка“, Македонија докажува дека е доверлив партнер и одговорен член на меѓународната заедница- став на конгресменот Марино.