Москва го зголемува военото присуство во близина на Сирија
На пат низ Босфорот кон Сирија е забележан конвој руски бродови, како знак дека Москва го засилува военото присуство во близина на оваа земја...
По снимките на руските борбени авиони на сириските аеродроми, на пат низ Босфорот кон Сирија е забележан конвој руски бродови, како знак дека Москва го засилува военото присуство во близина на оваа земја. Русија наводно гради нова поморска база на Средоземниот брег на Сирија, за да му помогне на режимот на претседателот Асад.
„Минатата недела секој ден поминуваше руски брод низ Босфорот. Некои денови се гледаат по два или три руски бродови во различно или исто време“, вели Јорук Ишик, фотограф- аматер.
Во транспортните бродови биле забележани воени инженерски камиони, со обележјата на проруските сили во Украина.