Италија: Уапсени 48 членови на мафијата Ндрангета

30.09.2015 11:00

Во Болоња, карабињерите уништија џунгла од марихуана скриена на приватна фарма – 200 стебла, со вредност од околу 400.000 евра...

Италијанската полиција уапси 48 членови на мафијата Ндрангета на југот на земјата. Незаконски продавале цвеќе, украдена чоколада, дрога и оружје. Во Болоња, карабињерите уништија џунгла од марихуана скриена на приватна фарма – 200 стебла, со вредност од околу 400.000 евра.

„Одлично организирана плантажа, добро лоцирана и скриена, со големи димензии и добро одгледувана, близу до историскиот центар“, изјави Џузепе Мусто, полициски капетан на Болоња.

Американската крајбрежна стража, пак, по рација во Карипското море, заплени над илјада килограми хероин и две илјади килограми марихуана во вредност од 40 милиони долари.