МВР: За 24 часа издадени 1.911 потврди за азил

30.09.2015 11:52

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.198, Авганистан –347, Ирак-231, додека другите се во помал број...

Во последниве 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.911 странски државјани, од кои, 1.255 се од машки пол, 215 се од женски, 315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 126 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопштуваат од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на   Сирија-1.198, Авганистан –347, Ирак-231, додека другите се во помал број.

Досега издадени се потврди на вкупно 106.918 странски државјани, од кои, 70.898 се од машки пол, 14.309 се од женски, 18.025 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.686 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-80.215, потоа Авганистан-11.825, Ирак-7.070, Пакистан-2.817 Палестина-1.155, Сомалија-670, Бангладеж-649, Иран-660, Конго-371, Нигерија-222, Камерун-178,  Еритреја-163,  Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите досега, до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање на право на азил.

Сириска државјанка вчера попладне роди здраво девојче во гевгелиската болница. Мајката и детето се наоѓаат во добра состојба. Ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.