Македонија напреднува на листата најконкурентни економии на светот

30.09.2015 13:07

На листата на Светскиот економски форум, Македонија е сместена на 60-тото место, со што бележиме подобрување во нашето рангирање за три позиции во однос на минатата година. Ако се погледен во текот на изминатите три години се бележи подорбување за вкупно 20 позиции...

Светскиот економски форум ја рангираше Македонија на 60- тото место според Глобалниот индекс на конкурентноста. Споредено со 2007-ма, Македонија е понапред 34 места.

„Светскиот економски форум ги објавува извештаите за глобалното рангирање на 140 држави во светот во делот на конкуреноста. Оваа година Македонија е сместена на 60-тото место, со што бележиме подобрување во нашето рангирање за три позиции во однос на минатата година. Ако се погледен во текот на изминатите три години се бележи подорбување за вкупно 20 позиции“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Рангирањето е според зголемувањето на ефикасноста и факторите на иновативност. Според надлежните, конкурентноста е значајна за подобрување на економијата.

Од земјите од регионот, освен Бугарија која е на 54-та позиција и Словенија на 59-та позиција, Македонија се наоѓа пред останатите земји. Хрватска се наоѓа на 77-та позиција, Грција на 81-та, Албанија е на 93-та позиција, а Србија е рангирана на 94-то место.

Најконкурентни економии на светот, според извештајот се економиите на Швајцарија, Сингапур и САД.