Авганистан: Контраофанзивата врз стратешкиот град Кундуз
Во изминатите 24 часа градот беше цел на американски воздушен напад, за да се елиминира заканата против коалициските и авганистанските сили...

Специјалните сили на НАТО пристигнаа во Кундуз како поддршка на авганистанската војска во контраофанзивата врз стратешкиот град Кундуз. Во изминатите 24 часа градот беше цел на американски воздушен напад, за да се елиминира заканата против коалициските и авганистанските сили.
„Непријателот претрпе тешки загуби, до сега во воздушните напади се убиени 83-мина, меѓу кои тројца арапски државјани“, изјави Касим Џангал Баг, полициски шеф на Кундуз.
Талибанците во Кундуз заплениле многу оружје и техника и ослободиле се 600 затвореници. Авганистанскиот премиер Абдула ги помести обраќањето во Обединетите нации и средбата со американскиот колега Обама и итно се врати во земјата поради борбите во Кундуз.
