Скопје- вело град до 2017-та

30.09.2015 15:03

Tреба да се направат 4 велосипедски рути за подобрување на условите за возење велосипед во Скопје...

Град Скопје годинава го промовираше проектот „Скопје вело град до 2017-та“. Со него треба да се направат 4 велосипедски рути за подобрување на условите за возење велосипед во Скопје.

Рутата еден- која почнува од Гази Баба, целосно е завршена. Оди по улицата „Благоја Стевковски“ и булеварот „Александар Македонски“. На ред е делот од „Гоце Делчев“ кон Карпош.