Ставрески: Законот и системот е еднаков за сите општини
Oпозициската СДСМ рече дека постоеле опструкции од Министерството за финансии за добивање согласност за кредит од Светска банка за Општина Струмица...

На дебатата во Парламентот за измените во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, опозициската СДСМ рече дека постоеле опструкции од Министерството за финансии за добивање согласност за кредит од Светска банка за Општина Струмица.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески со став дека системот и законот е еднаков за сите и дека само се запазувале законските процедури во поглед на изработка на валидна документација за проектот за гасификација.
Според него, од општини Струмица не била доставена комплетна документација, онака како што е пропишано во законската регулатива, па затоа не можеле да одговорат позитивно на ова барање.
