Средба Попоски- Лавров во Њујорк

30.09.2015 15:21

Билатералните односи меѓу двете земји, продлабочување на руско-македонската економска и трговсака соработка и имплементација на заеднички проекти во енергетскиот систем, биле темите на кои разговарале на средбата Лавров и Попоски...

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, имаше средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, соопшти денеска македонското МНР.
 
Билатералните односи меѓу двете земји, продлабочување на руско-македонската економска и трговсака соработка и имплементација на заеднички проекти во енергетскиот систем, биле темите на кои разговарале на средбата Лавров и Попоски.
 
Министрите за надворешни работи на Русија и на Македонија, како што соопшти руското МНР, размениле мислења и за ситуацијата на Балканот и други актуелни теми од меѓународните односи. На средбата, Поповски го поканил Лавров да ја посети Република Македонија.