Нов производ на осигурителниот пазар
Граѓаните што животно ќе се осигурат, истовремено стануваат инвеститори во хартии од вредност на реномирани светски компании. Вакви бенефеции им се на располагање на осигурениците од развиените европски земји, а во регионот освен воМмакедонија, достапни се и во Хрватска и во Словенија...

Спојување на животното осигурување и вложување во инвестициски фонд. Нов производ на македонскиот осигурителен пазар. Граѓаните што животно ќе се осигурат, истовремено стануваат инвеститори во хартии од вредност на реномирани светски компании. Вакви бенефеции им се на располагање на осигурениците од развиените европски земји, а во регионот освен воМмакедонија, достапни се и во Хрватска и во Словенија.
„Сакавме да креираме производ чија вредност нема да биде врзана и нема да зависи од каматните стапки на банкарските депозити, туку ќе биде поврзана со вредноста на акциите на високоразвиените друштва на светските пазари, односно средствата ќе се вложуваат исклучиво во блу чип хартии од вредност“, изјави Дарко Дедиќ, претседател на УО на „Винер Лајф“.
Во Австрија околу 10 илјади граѓани го користат овој осигурителен производ. Ако е клиентот подготвен да ризикува, има шанса за добивка, велат од австриската ВФП Груп.
„Овој производ во Австрија го има веќе многу години, во разни комбинации со класичното животно осигурување. Што подолго траат овие договори, што подолго се вложува, повеќе може и да се добива“, вели Руперт Штробл, генерален директор на ВФП Груп од Австрија
Средствата се вложуваат во инвестицискиот фонд чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза.
Сунчица Николоска
