Инвестицискиот бран продолжува
Три странски компании почнаа производство, две градат капацитети. Нови 3.800 директни вработувања во зоните, бизнис за домашните компании, трансфер на технологии...

Како што беше предходно беше најавено, за само месец и пол стартуваа со производство италијанската „Дијатек“, германската „Техникал текстаил“ и компанијата од Дубаи „Епл Ленд“ во Ресен. Германската ОДВ„Електрик“ и италијанската „Кондево“ започнаа со градба на фабриките. Уште три се во завршна фаза на градба,а во наредните два до три месеца КСС во Кичево, „Макард“ во Велес и „Гентерм,ќе почнат со производство.Премиерот Груевски во почетокот на април годинава го најави влезот на „Дијатек“ во Македонија. Глобалниот лидер во технологијата на дигитално печатење во почетокот на септември ја отвори фабриката „Макдиа“. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.
Два ипол месеца подоцна уште една најава за инвестиција на германската „Техникал Текстајл“, која официјално во Штип со работа почна на 26-ти август годинава. Инвестицијата тешка 15 милиони евра. Планирани 1.000 нови вработувања. Во март премиерот ја најави инвестицијата на „Кондево“ во која ќе се произведуваат кондензациски бојлери. Инвестицијата чини над 30 милиони евра, а во фабриката ќе се вработат најмалку 280 работници и стручен кадар.
Груевски кон крајот на март вети дека и „ОДВ Електрик“ ќе почне со градба на фабрика во Охридско- струшкиот регион. Ветеното- остварено. На 22-ри месецов изградбата стартуваше. Фабрички погон ќе биде со површина од 10 илјади метри квадратни во струшката технолошко-индустриската развојна зона. Се планира вработување на илјада лица. Ден пред тоа, во Ресен почна со работа фабриката „Епл ленд“ за складирање и преработка на јаболка, но ќе извезува и цреши.
Претседателот на владата ова го најави во ноември 2013-та. Сите овие фабрики ќе отворат нови 3.850 работни места, но со странските директни инвестиции во индустриските зони во државава, ќе има и индиректни вработувања, велат надлежните.
Милчо Велески
