Високи цени на јужното и јаткастото овошје
Есенва се катактеристични високи цени на јужното и јаткастото овошје. Лимонот достигна цена од 120 денари, а лешникот и до 1.200 денари за килограм...

Поради недосиг во Турција и Грција, портокалите и лимоните за овој период од годината бележат рекордно високи цени.
Лимонот се продава за 120, а портокалот 82 денари за килограм. Цитрусното овошје го увезуваме од Аргентина и од Бразил поради што транспортните трошоци се зголемени, а со тоа и продажните цени.
Предвидувањата се дека високата цена ќе се задржи до средината на октомври, кога почнува бербата на цитрусите и кога се очекува цените да се намалуваат.
Јаткастото овошје и понатаму држи висока цена на пазарите на мало. Лешникот достигна малопродажна цена од 1.200 денари, бадемот се продава по 800, а оревот се нуди од 650 до 800 денари за килограм.
Методија Трајков
