Учениците од „Арсениј Јовков“ затруени со спреј од две непознати лица

01.10.2015 09:53

Испитувањата се во граница на нормалата и се пуштени се на домашно лекување. Само тројца се задржани за дополнителни анализи, велат за МТВ од Токсикологија...

Учениците од скопското средно училиште „Арсениј Јовков“ со симптоми на печење на очите и грлото, со кашлање и главоболка, се во добра здравствена состојба.

Испитувањата се во граница на нормалата и се пуштени се на домашно лекување. Само тројца се задржани за дополнителни анализи, велат за МТВ од Токсикологија.

Вчера итно биле примени на клиника и во општата Градска болница „8-ми Септември“. Доцна попладне ги напуштиле училниците откако почувствувале силен мирис.

Била повикана итна помош, а на увид стигнала и полицијата. Се жалеле на иритирачка кашлица, печење на очитие и грлото како последица од вдишување на непозната материја.

По изврешниот разговор се утврдило дека две непознати лица испрскале спреј и побегнале. Се очекува МВР да ги соопшти деталите, а лекарите од Токсикологија- анализите што се правата на Институтот за судска медицина.