САД ќе ги поддржат руските операции, но само против ИД и Ал Каеда

01.10.2015 10:01

Државниот секретар Кери и министерот за надворешни работи на Русија, Лавров, на средбата во Њујорк констатирале дека е неопходна комуникација меѓу двете земји за да се избегнат поголеми конфликти...

САД се подготвени да ги поздрават руските операции во Сирија доколку тие се фокусирани само на цели на Исламска Држава и групи поврзани со Ал Каеда, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на Советот за безбедност во Обединетите нации.

Воедно предупреди дека џихадистите не можат да бидат неутрализирани доколку сирискиот претседател Башар Ал Асад остане на власт. Државниот секретар Кери и министерот за надворешни работи на Русија, Лавров, на средбата во Њујорк констатирале дека е неопходна комуникација меѓу двете земји за да се избегнат поголеми конфликти.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изрази загриженост дека цел на нападите во Сирија биле области кои се под контрола на бунтовниците, а не упоришта на Исламска држава.

Сириската опозиција информираше дека во нападите загинале најмалку 36 цивили, меѓунив и пет деца. Турската влада денеска ќе одржи вонредна седница посветена на состојбата во Сирија.