Голем интерес за „Купи куќа, купи стан“ во Свети Николе

01.10.2015 10:55

Презентацијата на проектот „Купи куќа-купи стан“ во Свети Николе се одржа на барање на граѓаните...

Околу 100 граѓани синоќа беа присутни на презентацијата на поволностите што ги нуди проектот „Купи куќа, купи стан“, што ја извршија претставници на Министерството за финасии. Најголем дел од нив беа заинтереисрани како да дојдат до сопствен стан.

Општината има за цел да им помогне на граѓаните како да дојдат до сопствен дом, преку понудата за продажба на градежни парцели, како за индивидуални куќи, така и за станбени згради, вели градоначалникот Зоран Тасев.

„По 29 години во Свети Николе се гради станбена зграда. Во неа 25 семејства ќе можат да аплицираат и да ги искористат мерките од „Купи куќа, купи стан“. Овде се и банките кои го поддржуваат проектот, а се со цел многу млади брачни парови да дојдат до сопствен дом“, истакна Тасев.

Општина Свети Николе има перспектива, имајќи во предвид дека веќе се гради и автопатот Миладиновци-Штип, кој поминува низ Свети Николе, со што, жителите на оваа општина за 20-тина минути можат да пристигнат до Скопје.