Вицепремиерот Ставрески во посета на Росоман

01.10.2015 11:36

За време на посетата, вицепремиерот Ставрески ќе присуствува на пуштање во употреба на резервоар за водоснабдување, проект што се имплементира преку Министерството за финансии...

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојува во посета на Росоман каде ќе изврши увид во реализацијата на неколку локални проекти и ќе оствари средби со жителите од околните населени места.

За време на посетата, вицепремиерот Ставрески ќе присуствува на пуштање во употреба на  резервоар за водоснабдување, проект што се имплементира преку Министерството за финансии, а ќе изврши и увид во градежните активности за асфалтирање на повеќе улици во Росоман.

Вицепремиерот Ставрески ќе ја посети и винаријата „Тиквеш Гоце Делчев“ каде ќе оствари средба со раководството.