МВР: Досега издадени 108.888 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 81.307, потоа Авганистан 12.482, од Ирак 7.195...

Во последниве 24 часа издадени се вкупно 1.970 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани, од кои, 1.273 се од машки пол, 216 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 171 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.092, од Авганистан 657, Ирак 125, додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 108.888 странски државјани, од кои, 72.171 се од машки пол, 14.525 се од женски, 18.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.857 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 81.307, потоа Авганистан 12.482, од Ирак 7.195, Пакистан 2.853, Палестина 1.162, Иран 683, Сомалија 670, Бангладеж 657, Конго 371, Нигерија 223, Камерун 178, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 118, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
