Авганистан ја врати контролата врз Кундуз

01.10.2015 12:08

Засега нема детали за операцијата и за тоа кои точно региони се вратени под контрола на владините сили. Повторно е преземен и се расчистува од терористи...

Авганистанските владини сили ја вратија контролата врз градот Кундуз, во офанзива која била изведена во раните утрински часови,  изјавија претставници на Авганистанските власти.

Засега нема детали за операцијата и за тоа кои точно региони се вратени под контрола на владините сили. Повторно е преземен и се расчистува од терористи.

Непријателот претрпе тешки загуби, објави на Твитер портпаролот на авганистанскиот министер за внатрешни работи Седик Седики.