Учениците од „Арсениј Јовков“ пуштени на домашно лекување, полицијата трага по сторителите
01.10.2015 13:06
Според првичните информации, вдишиле непозната материја која била испрскана од едно или две непознати лица кои избегале во непознат правец...

Сите 16 ученици и професорот од средното економско училиште „Арсениј Јовков“ се пуштени на домашно лекување откако вчера беа примени на Клиниката за токсикологија и Градската болница „8-ми Септември“ со симптоми на кашлање и задушување.
Според првичните информации, вдишиле непозната материја која била испрскана од едно или две непознати лица кои избегале во непознат правец.
Според полицијата, сторителите не биле ученици од економското училиште. Од МВР го прегледуваат видео надзорот во училиштето за да се открие идентитетот на сторителите.
