Досега откупени 90 милиони килограми грозје
Од Државниот инспекторат велат дека откупот се одвива согласно со планираната цена за квалиет...

Досега се откупени околу 90 милиони килограми грозје, односно 60 проценти од очекуваните 150 до 180 милиони килограми од годинашната реколта. Од Државниот инспекторат велат дека откупот се одвива согласно со планираната цена за квалиет.
Како што соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, откупот се врши на вкупно 94 пунктови од страна на 85 правни лица, а исплатата е согласно законските одредби, односно според шеќерните единици, а не според сортата.
Грозјето се откупува по квалитет, а не како досега, по сорта. За килограм „вранец“ со 19 шеќерни единици цената е 13 денари, додека за килограм „смедеревка“ со 17 шеќерни единици цената е 11 денари ако се земе предвид дека една шеќерна единица кај „вранецот“ е 0,68 денари, а кај „смедеревката“ 0,64 денари, истакна Стаменов.
