Средба за бегалската криза по иницијатива на Могерини
01.10.2015 13:26
Следната недела во Луксембург ќе биде одржана средба за бегалската криза на која ќе присуствуваат министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите од Западен Балкан...

По иницијатива на европретставничката за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, следната недела во Луксембург ќе биде одржана средба за бегалската криза на која ќе присуствуваат министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите од Западен Балкан.
На средбата се поканети и претставници на Турција, Либан и Јордан. Европската унија се повеќе е загрижена поради бранот бегалци кој секојдневно е се поголем.
