Бројот на мигранти на Лезбос поголем од локалното население
01.10.2015 13:31
Од почетокот на годинава преку островот минале 186 илјади 720 мигранти...

Бројот на бегалците кои минале преку грчкиот остров Лезбос е три пати поголем од локалното население, соопшти грчката полиција. Од почетокот на годинава преку островот минале 186 илјади 720 мигранти.
Властите проценуваат дека приливот на бегалци ќе се зголеми уште повеќе во октомври, последниот месец пред доаѓањето на зимата. Според последните податоци, оваа година низ Грција минале 300 илјади мигранти.
