Кривични пријави за четири лица, странски производи извезувале како домшани
01.10.2015 14:32
Од август до ноември минатата година на фирмата и издале 130 сертификати за потекло на производи со помош на кои странски производи се извезувале како домашни...

Зеленлук и овошје кои не биле со потекло од нашата земја се извезувале на рускиот пазар како македонски производи за што две службенички од Стопанската комора, еден од Земјоделскиот иснепкторат и вработена во приватната фирма „Таурус Фарм“ добија кривични пријави.
Од август до ноември минатата година на фирмата и издале 130 сертификати за потекло на производи со помош на кои странски производи се извезувале како домашни.
Со тоа, фирмата „Таурус Фарм“ нелегално заработила повеќе од 200 илјади евра.
Анита Димитријевска
