Ципрас и Кери разговараа за спорот со името

01.10.2015 15:16

Ципрас ги повторил познатите грчки црвени линии, сложено име со географска одредница за севкупна употреба...

Грчкиот премиер Ципрас и американскиот државен секретар Кери разговарале за наметнатиот спор со името. Ципрас ги повторил познатите грчки црвени линии, сложено име со географска одредница за севкупна употреба.

Кери изразил поддршка од САД за изнаоѓање решение. Средбата се случи само еден ден по одбивањето на САД да го променат името на нашата земја од Република Македонија во ФИРОМ на конференцијата за борба со џихадистите.