Битолскиот универзитет доби нов ректор
Од денеска и официјално на чело на битолскиот универзитет „Св Климент Охридски“ е проф. д-р Сашо Коруновски. Со неговиот тим од неколку проректори најави темелни платформи кои високообразовниот процес ќе го издигнат на уште повисоко ниво...

Понуда на атрактивни студиски програми кои ќе бидат комбинација од препознатливи професии, но и антиципирање на нови кои се неопходни во една ера на брз техничко- технолошки развој. Флексибилен и динамичен образовен процес. Покрај стандардното развивање на модели од неформален тип на образование, квалитетот да биде суштинска одредница во високо образовниот процес - се трите столба преку кои новиот ректор, проф. д-р. Сашо Коруновски и неговите потесни соработници ќе настојуваат подигање на квалитетот на наставно образовната дејност на УКЛО.
„Сите материјали ќе бидат достапни до студентите, но и сите оние кои треба да го оценуваат квалитетот на образовниот процес преку електонските платформи и другите алатки што се на располагање“, вели ректорот на УКЛО, Сашо Коруновски.
Приоритет ќе добие и истаржувачко апликативна дејност, да го потикниме истражувањето преку формирање на проектна канцаларија, но и правење на мрежа на податоци- вели новит ректор на битолскиот универзитет.
„Тоа значи соработка со пошироката заедница, да направиме комбинирани истражувачки тимови нели забележувате тоа се почесто го бараат проектите од ИПАРД и другите европски програми“, рече ректорот Сашо Коруновски.
Реализација на поглобани проекти преку меѓународната соработка и вмрежување во големиите асоцијации.
„Тоа е најтешкиот дел, но и најпредизвикувачки затоа што доведува до формирање на заеднички студиски програми, визија која ја посакуваме“, додаде ректорот Коруновски.
Ректорот Коруновски рече дека внимание ќе се посвети и на издавачката дејност, а што се однесува до соработката со студентите се размислува за воведување и на нови начинаи на комуницирање и целосна посветеност кон подигањето на студенскиот стандард.
Стевче Митревски
