Отворен првиот Бизнис симулатор во Македонија
Симулаторот треба да им овозможи на студентите активно да искусат реална бизнис околина преку професионално усовршување директно поставување на конкретна позиција,преку улога во симулиран бизнис процес...

Започна со работа првиот бизнис симулатор во земјата и регионот. Симулаторот треба да им овозможи на студентите активно да искусат реална бизнис околина преку професионално усовршување директно поставување на конкретна позиција,преку улога во симулиран бизнис процес. 15 компании од ИТ индустријата и од други сектори заинтересирани за вработување на ваков кадар.
Нема успешна формула за добар бизнис или за добро вработување, вели Ивановска директор на Едукативниот и развопен центар. Едукацијата е таа што ќе помогне младиот професионалц да се вклучи ефикасно во продуктивниот процес и да се намалат трошоците на компанијата. Seavus Едукативниот и Развоен Центар воведува нов, иновативен проект .
Кариерниот развој на студентите во завршните студии или тазе дипломираните треба да помогне да се надмине јазот помеѓу едукацијата и професионалната подготвеност, вели Јанкуловски кој смета дека ова ќе ги намали трошоците на компаниите.
Првиот бизнис симулатор функционира на концепт на проектно менаџирање, обврски, рокови и награди, а досегашните искуства од странство се позитивни.
Дијана Ценевска
