Просечната откупна цена на пченицата - 10,3 денари за килограм

02.10.2015 10:03

Берзанската цената на пченицата во септември е се движи од 9 до 11 денари за килограм. Кај нас понудата е помала и може да се купи по 10,3 денари...

Поради помалите приноси од 2,6 наместо 3 тони по хектар и помалку насеаните површини, земјоделците годинава поголемиот дел од пченицата ја чуваат за сопствени потреби.

На пазарот се нудат мали количества со просечната откупна цена од 10,3 денари за килограм.

На берзите во регионов ја има доволно, а цаната се движи од 9 во Бугарија до 11,4 во Словенија.

На берзата во Нови Сад од каде што македонските компании увезуваат најмногу жито, пченицата се продава по 9,8 денари за килограм.

 

Методија Трајков