Премиерот Груевски ќе се обрати на 70-тото заседание на Генералното собрание на ОН

02.10.2015 10:24

Се очекува Груевски во своето обраќање да се осврне на проблемот со името, на економскиот раст и на бизнис климата...

Премиерот Никола Груевски денеска попладне ќе се обрати на 70-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се очекува Груевски во своето обраќање да се осврне на проблемот со името, на економскиот раст и на бизнис климата. По обраќањето, премиерот ќе има средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун.