„Бела ноќ“ по 11-ти пат

02.10.2015 10:27

Организаторите подготвија богата програма за посетителите, која ќе почне во 20 часот и 30 минути во Музејот на Македонија...

Утре по 11-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“ 2015-та. Организаторите подготвија богата програма за посетителите, која ќе почне во 20 часот и 30 минути во Музејот на Македонија, каде што ќе биде поставена изложбата „Црвен петел–црна кокошка“.

И оваа година Градот Скопје ќе ја слави уметноста со низа изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон и мултимедијален спектакл.