Јолевски во посета на Националната гарда на Вермонт

02.10.2015 10:51

Заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, министерот Јолевски, ќе оствари средба со командантот на Националната гарда, генералот Креј...

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во текот на денешниот ден ќе оствари посета на Националната гарда на Вермонт и на Универзитетот Норвич.
 
Во рамки на посетата, соопшти денеска Министерството за одбрана, Јолевски ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот Ричард Шнајдер, како и со заменик-претседателот за академски работи и декан Гујоу Хуанг.
 
Заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, министерот Јолевски, ќе оствари средба со командантот на Националната гарда, генералот Креј, како и со претставниците на државата Вермонт во Конгресот и Сенатот на САД. Министерот Јолевски и генералот Величковски ќе присуствуваат и на церемонијата за пензионирање на генералот Дуби, поранешен командант на Националната гарда.
 
Универзитетот Норвич е најстариот приватен воен универзитет во САД. Република Македонија има воспоставено плодна соработка со универзитетот на кој се школувале и студенти од Република Македонија.