Во општина Аеродром презентирани можностите за млади претприемачи

02.10.2015 11:43

Презентацијата е дел од серијата неделни настани кои ги организира Општина Аеродром, во соработка со Локалниот младински совет на општината...

Во просториите на Општина Аеродром се одржа презентација за услугите и поддршката кои ги нуди „Јес“ (YES) бизнис- инкубаторот за лица кои сакаат да почнат сопствен бизнис или се на почетокот на развојот на „старт-ап“ бизниси во областа на информатичките технологии.

Исто така, беа презентирани и дополнителните услуги кои се нудат, како обуки и настани, меѓу кои и Go International - ICT Brokerage Event, кој е Б2Б (Business-to-Business) настан за вмрежување со регионални фирми од областа на информатичките технологии, а кој ќе се одржи на 13-ти ноември во Скопје.

Презентацијата е дел од серијата неделни настани кои ги организира Општина Аеродром, во соработка со Локалниот младински совет на општината, а исто така во иднина секоја недела ќе се организираат слични настани со цел да се понудат информации за поддршка на малите и средните претпријатија, претприемачите, како и невработените лица.