МВР: За 24 часа издадени 2.473 потврди за азил

02.10.2015 12:00

Досега МВР издаде потврди за азил на вкупно 111.361 странски државјани...

Во последните 24 часи издадени се потврди на вкупно 2.473 странски државјани, од кои, 1.526  се од машки пол, 363 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 77 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.382, Авганистан –916, Ирак-98, додека другите се во помал број.

Досега МВР издаде потврди за азил на вкупно 111.361 странски државјани, од кои, 73.697 се од машки пол, 14.888 се од женски, 18.842 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.934 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-82.689, потоа Авганистан-13.398, Ирак-7.293, Пакистан-2.910 Палестина-1.162, Иран-697, Сомалија-670, Бангладеж-661, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178,  Еритреја-163,  Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.