УЈП затвори диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар
Инспекторите во шест нелегални обложувалници констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатувале и издавале друга документација за обложување...

Вo акциска контрола на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП, затворени осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар. УЈП донела решение за забрана за работа и приредување игри на среќа и забавни игри и запечатила две нелегални обложувалници во Кичево и во селото Стрелци, три диви обложувалници во струшките села Велешта и Корошишта и една во Дебар. Една нелегална спортска обложувалница во Кичево не работела, а во другата била констатирана пренамена на дејноста.
Инспекторите во шест нелегални обложувалници констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатувале и издавале друга документација за обложување. Од нелегалните обложувалници, поради незаконско работење и спротивно на Законот за игрите на среќа и забавните игри, од страна на УЈП одземени се пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема.
