Момче почина по пад од студентскиот дом „Кузман Јосифовски“

02.10.2015 12:46

Повредениот Д.Р. е пренесен во Ургентниот центар каде вчера во 18 часот и 30 минути им подлегнал на повредите...

Дваесетгодишен студент од Прилеп паднал од четвртиот кат од студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во центарот на Скопје.

Повредениот Д.Р. е пренесен во Ургентниот центар каде вчера во 18 часот и 30 минути им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а според првичните сознанија на полицијата станува збор за самоубиство.