Поволностите за инвестирање во земјава презентирани на бизнис форум во Хартфорд, Конектикат

02.10.2015 13:05

Во обраќањето, премиерот Никола Груевски ги претстави бизнис климата и поволностите што им се нудат на инвеститорите...

Можностите за инвестирање во земјава, вчера беа претставени пред американските компании на бизнис форумот во градот Хартфорд, во сојузната држава Конектикат.

Во обраќањето, премиерот Никола Груевски ги претстави бизнис климата и поволностите што им се нудат на инвеститорите. Растот од 2,9% во првата половина на 2015-та ја вбројува Македонија меѓу петте најдобри европски земји според економските перформанси, нагласи Груевски. Персоналецот и данокот на добивка се 10%, а доколку се реинвестира, не се плаќа. Постојано се намалуваат и царинските давачки.

Претставниците на компанијата „Амфенол“, најавија проширување на своите операции во Македонија, во следните 12 до 18 месеци, за да одговорат на тројно зголемените нарачки  на клиентите.

Компанијата „Вискоглиози“ најави можност главното седиште за европските операции да го лоцира во Македонија.