Почитување на роковите за договореното од Пржино
02.10.2015 13:14
Заев порача дека со посредство на меѓународната заедница ќе се почитуваат договорените рокови...

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, повика на принципиелно договарање со аргументи, за да се најде решение за изборното законодавство, за реформите во медиумите и за правосудството.
Заев порача дека со посредство на меѓународната заедница ќе се почитуваат договорените рокови до 6-ти октомври, лидерите на политичките партии да постигнат конечен договор за изборната регулатива, а до 15-ти октомври, за реформите во медиумската сфера.
