2.000 пациенти во земјава живеат со стома
02.10.2015 13:19
Нема старосна граница кај овие пацинети, стоми се вградуваат и кај бебиња...

Околу 2 илјади пацинети во Македонија живеат со стома, вештачки отвор кој хирушки се прави, доколку пациент има проблеми со нарушување или потполно запирање на функцијата на дел од цревата или на уринарниот тракт.
Нема старосна граница кај овие пацинети, стоми се вградуваат и кај бебиња. Во пресрет на 3-ти октомври, Меѓународниот ден на лицата со стома, членовите на Националното здружение на Македонија зборуваа за своето секојдневие.
