Продолжува обесштетувањето од невремето- исплатени 2,3 милиони денари

02.10.2015 13:56

Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено...

Владата денеска продолжи со исплата на надомест за штетите од временските непогоди кои се случија годинава. Исплатени се 2,3 милиони денари на 105 лица од Радовиш, Охрид и Кратово, соопшти Министерството за финансии. 

Владата на РМ и понатаму ќе продолжи со обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето годинава, како што е ветено.

Денеска исто така се исплатени 1,9 милиони денари субвенции на сточари за одбележани грла говеда.