Почна исплатата на зголемените пензии
Пензиите ќе растат и в година. Во октомрви 2016-та пензиите ќе бидат зголемени за дополнителни 650 денари. Парите веќе се обезбедени во буџетот...

Почна исплатата на зголемената септемвриска пензија. Околу 300 илјади пензионери ќе добијат повисоки пензии за 621 денар. Со ова зголемување, просечната пензија во земјава ќе изнесува 13 илјади и 85 денари денари, што споредбено со 2006-та година зголемување за над 73 проценти.
Пензиите ќе растат и в година. Во октомрви 2016-та пензиите ќе бидат зголемени за дополнителни 650 денари. Парите веќе се обезбедени во буџетот.
Со континуираното зголемување на пензиите, Македонија со просечни 212 евра, стана лидер во регионот според висината на пензија. Ова значи и подобрување на стандардот на лицата од третата доба.
