Нова година, стари проблеми со греењето во Струга
17.01.2014 14:33
И во новата година...

И во новата година остануваат старите проблеми. Дел од струшките основни училишта повторно ќе немаат доволно нафта што ќе ги грее учениците во целиот зимски период . Во телефонски разговор за Македонската телевизија , дел од директорите потврдија дека располагаат само со 2 тона, количество што не е доволно за второто полугодие. Побаравме и одговор од општината. Ниту ја потврдија ниту ја негираат оваа ситуација . За разлика од основните, средните струшки училишта ќе имаат греење за целата сезона.
Викторија Тодоровска
