Расте бројот на вработени во зоните

05.10.2015 10:21

Дека има раст на вработувањата во зоните потврдува и Државниот завод за статистика. За 18,9 проценти бил зголемен бројот на работниците во текстилната индустрија, гранка во која е активна „Џонсон Контролс“ во Штип...

Со зголеменото производство во Технолошко-индустриските развојни зони, расте потребата од ангажирање на нови работници. Според надлежните, до крајот на годината ќе се надмине бројката од 5 илјади вработувања.

Дека има раст на вработувањата во зоните потврдува и Државниот завод за статистика. За 18,9 проценти бил зголемен бројот на работниците во текстилната индустрија, гранка во која е активна „Џонсон Контролс“ во Штип.

„Џонсон Мети“, „Текнохозе“, „Кемет Електроникс“ кои произведуваат електрична опрема, бележат позитива од 23,7 насто, а со белгиски „Ван Хул“ во производството на моторни возила, растот на бројот на работници на 25 отсто.

Трендот на вработувања во сите развојни зони се очекува да продолжи и идната година,бидејќи има позитивни сигнали од компании кои треба да донесат одлуки за инвестирање во земјава.