До утре работните групи треба да ги затворат прашањата поврзани со изборната регулатива
Според партиски информации, засега се чини дека е затворено прашањето за составот на ДИК...

До утре работните групи треба да ги затворат сите прашања поврзани со изборната регулатива. Некои сегменти се речиси при крај, како составот на Државната изборна комисија и нејзините овластувања. Според партиски информации, засега се чини дека е затворено прашањето за составот на ДИК.
Било договорено таа да биде составена од девет членови, по тројца да предлагаат власта и опозицијата, а другите тројца да бидат независни експерти.
Во однос на одлучувањето, опозицијата бара повеќестепена жалбена постапка за евентуални изборни нерегуларности, а ВМРО-ДПМНЕ инсистира за жалбите единствено да е надлежен Управниот суд.
Гласањето на дијаспората, прочистувањето на избирачкиот список, медиумското изборно преставување, одвојување на партијата од државата, финансирање на кампањата, прашања за кои се уште нема приближување на ставовите. И натаму без договор за анкетната парламентарна комисија за прислушувањето, која исто така е предвидена со договорот од Пржино.
